И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат сите граѓани на Општина Богданци, кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот не ги нашол дома или не стапил со нив во контакт, дека својата граѓанска и законска должност , со цел никој да не биде пропуштен во пописот може да ја остварат во седиштето на КПР 3 Богданци до 30.09.2021 година.
Лица за контакт: Силвана Данаилова -Претседател на КПР 3 Богданци, контак телефон 072 223 193
Реонските инструктори: Валентина Попова контакт телефон 077 870 682, Катерина Вангелова контакт телефон 071 320 834
И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гевгелија ги известува сите земјоделски производители кои пријавиле и користеле субвенции за 2020 год. (а не се корисници на мерката 1.18) да дојдат лично во просториите на Подрачната единица за да ги подигнат своите картички за „зелена нафта“ за 2020 година. Со себе да понесат и важечка лична карта.
Ве известуваме дека денес (17.09.2021) во 14.00 часот започнува 68-та седница на Советот на општина Богданци.
Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк:
Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека поради реконструкција на улица „Бранд Петрушев“ во Богданци од утре, Сабота (11-ти Септември) од 08.00 часот ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај, така што сите улици кои се еднонасочни и кои се спојуваат со улица „Бранд Петрушев“ ќе бидат двонасочни. Станува збор за улиците „Маршал Тито“, „Изворски“ и „Олга Петрушева“ за кои ваквиот режим на сообраќај ќе важи се до завршување на градежните активности на улица „Бранд Петрушев“ и на истите ќе биде забрането запирање и паркирање.
Се замолуваат граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЗАПОЧНЕ СО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦА БРАНД ПЕТРУШЕВ ВО БОГДАНЦИ ОД 10.09.2021Г.(ПЕТОК). ПОТРЕБНО Е ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАРКИРААТ ВОЗИЛА НА УЛИЦАТА ЗАРАДИ НЕПРЕЧЕНО ОДВИВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ИСТАТА.
ЗА ТАА ЦЕЛ ОД ПОНЕДЕЛНИК, (13-ТИ СЕПТЕМВРИ) УЛИЦИТЕ МАРШАЛ ТИТО И ИЗВОРСКИ ЌЕ БИДАТ ДВОНАСОЧНИ СЕ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ И НА ИСТИТЕ ЌЕ БИДЕ ЗАБРАНЕТО ЗАПИРАЊЕ И ПАРКИРАЊЕ.
Ве известуваме дека денес (30.08.2021) во 14.00 часот започнува 67-та седница на Советот на општина Богданци.
Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: 67 седница во живо
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |