Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Потпишан колективен договор за вработените во општина Богданци

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, на ден 02.07.2021 година потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација при општина Богданци, Марјан Пеев, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.

Колективниот договор за вработените во општина Богданци е надоградба на Гранскиот колективен договор  за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија потпишан во Февруари 2020 помеѓу Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Претседателот на синдикат УПОЗ Пецо Грујовски.

Со овој договор се уредуваат статусот,правата,обврските одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во општината.

Потпишувањето на договорот е чин на афирмирање на социјалното партнерство на ниво на организација.

 

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 07 до 09 Јули 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 07.07.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 08.07.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 09.07.2021 година (Петок), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

 

Известување за оддржување на јавна расправа

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ,

АД ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА ДЕН 07.07.2021 ГОДИНА ВО 9:30 ЧАСОТ ,ВО ПРОСТОРИИТЕ НА “ДОМ НА КУЛТУРА“ ВО БОГДАНЦИ ДА ПРИСУСТВУВАТЕ НА ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА “СТУДИЈАТА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ВЕТЕРЕН ПАРК БОГДАНЦИ  – II ФАЗА“

 

                                                               А.Д.ЕСМ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основно училиште со ресурсен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.

Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат  услугата  образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село го има Југоисточниот реон и ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село,  ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434

И по електронски пат на sv_klimentoh@yahoo.com

со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент

Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија  (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.

На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 2.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степенте.VI/Aспоред македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава(VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).

Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село.

За регионот кој го покрива ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село, согласно потребите предвидени се 80 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година.

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 034/355-247 факс 034/355-077 или на мобилен: Звонко Ангеловски 070/263-177 и Елена Гаврилова (кординатор) 075/726-969

Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција  е 5 (пет) работни дена од денот на објавување до 02.07.2021 година.

Следење во живо на 65-та седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека денес (29.06.2021) во08.00 часот започнува 65-та седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: 65- та Седница на Советот на О Б

Се оддржа промоција на книгата „Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“

Денес, 24.06.2021 година во 11:00 часот во Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци се одржа промоција на книгата „ Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“, чиј автор е професорот Живко Исак Заев,  во издание на Печатница „Софија“ Богданци. За книгата, а и за делото на Борис Џонов, зборуваа рецензентот, професор доктор Тодор Чепреганов, синот на Борис Џонов, професор доктор Илија Џонов и авторот на монографијата, професор доктор Живко Исак Заев.

      

Борис Џонов е роден во Богданци. Потекнува од сиромашна фамилија. Тој бил македонски револуционер и национален деец, борец за националната слобода и за обединување на македонскиот народ. За слободата на својот народ го даде и својот живот. Тој во таа борба не ја дочека слободата на својот народ но победи неговото револуционерно дело. Борис Џонов својот живот и борбен пат го споделува со видните македонски борци во борбата за создавање слободна македонска држава, јазик и култура.

Спомен обележје за ликот и делото на Борис Џонов во Богданци е бистата со неговиот лик во центарот на Богданци каде пред промоцијата на книгата беше положено свежо цвеќе од страна на Градоначалникот Блаже Шапов, Претседателот на Советот Елена Шутарова, синот Илија Џонов и членовите на семејството Џонови.

Реконструкција на локален пат Л603 од Стојаково до Ѓавото

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2021 и 2022 година, на 21.06.2021 година се склучи договор за реализација на проектот – „Реконструкција на локален пат Л603 од с.Стојаково до с.Ѓавото општина Богданци, фаза од км0+000 до км 1+010“.  Договорни страни се Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој застапуван од директорот Рамиз Реџепи од една страна и Општина Богданци  застапувана од Градоначалникот, Блаже Шапов.

Со проектот се планира ископ на постоечката коловозна конструкција со цел вградување на нова коловозна конструкција и изградба на соодветен одводен систем за одведување на атмосферските води. Со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците ќе се изгрaди и тротоар од левата страна со ширина од 1,3м. За таа цел, доделени се средства во износ од 13.861.125 денари како учество на Бирото за регионален развој. Следува спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач.

Објавен оглас за реконструција на шест улици во Стојаково

Општина Богданци објави оглас за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на шест улици во населено место Стојаково. Станува збор за улиците: „Леонид Јанков“, „Солунска“, „Дваесетипетмина крак 1“, „Дваесетипетмина крак 2“, „Карпошева крак 2“, и улица „Јане Сандански“ со вкупна должина од 1235 метри.

Сите заинтересирани правни лица понудите може да ги достават најдоцна до 06.07.2021 година, 12 часот.

Средствата за реализација на договорот во износ од 3.000.000,00 денари се озбезбедени од страна на Бирото за регионален развој, во рамки на реализација на проектот „Подобрување на сообраќајната инфраструктура преку реконструкција на шест улици во село Стојаково“ а остатокот од Буџетот на општина Богданци.

Огласот, тендерската документација како и сите прилози кон истата се достапни на следниот линк.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на 23.06.2021 година

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, на ден 23.06.2021 година (среда) во периодот од 08.30 до 13.00 часот без снабдување ќе останат правните лица: Десива, Макпетрол Богданци и Рибик „Елита“.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на 15.06.2021 година

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, на ден 15.06.2021 година (вторник) во периодот од 08.30 до 13.00 часот без снабдување ќе останат Риве Транспорт, Гоки Травел, Сточарство Богданци, Оранжерии Трнка, Бензинска Шимов, Ампа, Фуел Танкс, трафостаници Химез и Т Мобиле Богданци и Баџо на влез во Богданци.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |