Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Заврши изградбата на атмосферка канализација со реконструкција на дел од колекторскиот систем

По изведување на градежни активности во изминатите два месеци, правното лице Вод Вар Скопје деновиве заврши со изградба на атмосферската канализација на ул.„Петар Мусев“ како и со реконструкција на дел од колекторски систем.

Граѓаните ги искажаа своите долгогодишни проблеми, а ние соодветно постапивме и со овој зафат го решивме деценискиот проблем кој го имаа жителите со излевање на фекалните води од колекторот по должината на река Луда Мара.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОДЕЛНИ СРЕДСТВА ОД ВЛАДАТА НА РСМ ПРЕКУ СВЕТСКА БАНКА ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

               

На општина Богданци и се доделени 595.620,37 Евра,  средства  од владата на РСМ преку заемот на Светска Банка за Проектот за поврзување на локални патишта. Во рамки на овој проект општина Богданци ќе спроведе активности за реконструкција и санација на седум локални улици во Богданци. Проектните активности ќе бидат спроведени во два тендера и тоа:

Во првиот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на шест улици:

  • Реконстракција на локалната улица „ Мирче Џочков “ во должина од 160,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Браќа Миладинови “ во должина од 250,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Мирка Гинова “ во должина од 130,00м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Кочо Рацин “ во должина од 260,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „ Ѓуров Дол “ во должина од 270,00 м;
  • Реконстракција на локалната улица „10 Октомври“ во должина од 164,63 м;

Подетални информации за описот на локациите и планираните активности за овие шест улици од  тендер 1 на следниот линк: Реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Џочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10-ти Октомври“ во општина Богданци

Во вториот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на една улица:

  • Санација на локалната улица „ Крушевска “ во должина од 1.318,53 м;

Подетални информации за описот на локацијата и планираните активности за улица Крушевска од  тендер 2 на следниот линк: Реконструкција на постојна улица „Крушевска“ општина Богданци 

Граѓаните своите коментари и забелешки може да ги достават усно, телефонски, на меил и писмено на контакт лице во Општина Богданци: Слобода Тасиќ, тел 034/218-400, 078/325-025, e-mail: opstina_bogdanci@t-home.mk, opstina_bogdanci@yahoo.com  , и преку web страната на општината пријави проблем  http://www.pp.e-uslugi.mk/bo/.

Формулар за коментари на тендер 1

Формулал за коментари на тендер 2

 

Постари објави

 

Превземени активности на општина Богданци за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локалната патна мрежа

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d0%b3/

Потпишан Меморандум за разбирање

Линк: https://bogdanci.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%83%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b1%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5/

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за реконструкција на постојни улици, ул. „Мирче Ѓочков“, ул. „Мирка Гинова“, ул. „Кочо Рацин“, ул „Ѓуров Дол“ , ул. „Браќа Миладинови“ и ул. „10ти Октомври“ во општина Богданци во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd/

Објавен оглас за реконструкција на шест улици во Богданци

Линк: https://bogdanci.gov.mk/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be/

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Линк:https://bogdanci.gov.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-7/

Решен проблемот со колекторскиот систем – ќе нема веќе излевање факалии во Луда Мара

Општина Богданци го реши проблемот со мешањето на фекалните и атмосферските води кои се излеваа во реката Луда Мара заради запушување на колекторскиот систем од наноси, при секои обилни врнежи. Деновиве ангажираната фирма по распишаниот тендер која понуди најниска цена – ,,Вод Вар Инженеринг ’’ од Скопје, ги заврши активностите за изградба на атмосферска канализација на улицата ,,Петар Мусев’’ како и со реконструкција на дел од колекторскиот систем со што се решава децениски проблем за заштита на животната средина.

Согласно проектот, изведена е нова атмосферска канализација и реконструкција на колекторскиот систем во должина од 420 метри при што атмосферските води ќе се излеваат во реката Луда Мара додека фекалните ќе завршуваат во колекторскиот систем. Целиот проект е реализиран со средства на општина Богданци во висина од милион и 970 илјади денари.

Со реализација на овој проект се решава повеќегодишен проблем не само за жителите на ул ,,Петар Мусев’’ туку за сите жители на Богданци односно за цела локална заедница.  Приоритетни цели на општината се заштита на животната средина и решавање на сите инфраструктурни проблеми детектирани од самите граѓани.

Релизцијата на овој проект е од Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Богданци за 2020 година на предлог на граѓаните а општината пред извесен период изврши и машинско чистење на речното корито на Луда Мара од земја трска и друга вегетација.

Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Интерконективен Гасовод Северна Македонија – Грција“

Почитувани, Ве информираме дека Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Интерконективен Гасовод Северна Македонија – Грција“ е достапна на веб страната на Министерството за животна средина во делот Сервиси – Студии за оцена на влијание врз животната средина или на следниот линк http://www.moepp.gov.mk/?page_id=14267 и на веб страната на Општина Богданци : www.bogdanci.gov.mk

Вашето мислење, во писмена форма, можете да го доставите до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Адреса

Министерство за животна средина и просторно планирање

Управа за животна средина

Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3

Скопје

Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти на проектот интерконективен гасовод Северна Македонија-Грција

Европска недела на мобилност-2020. Вози велосипед!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  во соработка со општина Богданци на 17.09.2020 година реализира активност за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот.

,,European Mobility Week,, – „Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која  на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година,  во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз.

Кампањата беше организирана со цел да се запознаат жителите на Богданци, посебно младите дека:

Возењето на велосипед, или велосипедизмот, како алтернативно превозно средство носи со себе многубројни бенефити,- персонални, економски, социјални, еколошки, здравствени и многу други.  Како резултат на сите овие бенефити, луѓето сѐ повеќе ги заменуваат своите автомобили со велосипеди како начин на мобилност и транзитирање до посакуваната дестинација. Истражувањата покажуваат дека во измината деценија бројот на луѓе кои патуваат до своето работно место со велосипед, континуирано  се зголемува од ден на ден и позитивно е оваа појава да продолжи и во иднина.

Безбеден и протечен сообраќај: 

Истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од дневните патувања кои ги правиме секојдневно се пократки од 5 километри,  што ги прави идеални за изминување со велосипед. Користењето на велосипедот како превозно средство ви овозможува да ги избегнете метежите по улиците и да патувате безбедно и да пристигнете до вашата дестинација побрзо, и со помалку нервози.  Патувањето со велосипед  исто така го елиминира еден од најголемите проблеми на патувањето со автомобил, а тоа се паркинг местата. Со велосипед, вртењето празни кругови по половина час со надеж дека ке се ослободи паркинг место ќе  биде  ваше минатото.

Вози Велосипед!

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ЈУ МЕЃУОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ГЕВГЕЛИЈА ГИ ИЗВЕСТУВА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ  ДЕКА  ПОЧНУВАЈЌИ ОД МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2020 г. ПА НАТАМУ СЕКОЈ ПРВ И ВТОР ПЕТОК ВО МЕСЕЦОТ ЌЕ БИДАТ ПРИСУТНИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЦЕНТАРОТ ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ – ОПШТИНСКА ЗГРАДА (КАНЦЕЛАРИИТЕ ШТО ГИ КОРИСТЕШЕ ОПШТИНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ) ОД 11.00 – 13.00 ЧАСОТ

Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:

1. На 30.09.2020 година (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево, Струмица и

2. На 01.10.2020 година (четврток), во период од 16 до 18 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци.

За спроведување на планираното четврто прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Дојран и Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ контролна листа на

План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци,

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

 

 

 

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Богданци аплицираше со проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Богданци (https://bogdanci.gov.mk/) на 25 Септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

 

Министерството за транспорт и врски

Образец за доставување коментари

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_MK_9.9.20_SPA

ESMP Checklist_ Project Bogdanci_ENG_25.9.20_SPA

 

ПОВИК ЗА ЈАВНА ПОПЛАКА ДО ЕСМ


АД Електрани на Северна Македонија планира изградба на Парк на ветерни електрани Богданци – Фаза II со очекуван капацитет од 13,2 MW во општина Богданци, Република Северна Македонија. Овој проект е дел од Планот за развој и инвестиции на ЕСМ и ќе биде продолжение на постојниот Парк на ветерни електрани, која има инсталирана моќност од 36,8 МW и е прв ваков објект во РСМ што го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Овој проект ќе ги поддржи националните напори за зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија, намалување на негативното влијание на производство на енергија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и да се обезбеди одржлив развој на заедниците.

АД “Електрани на Северна Македонија” (ЕСМ) е решена да се осигура дека проектот Парк на ветерни електрани Богданци – Фаза II нема да доведе до негативни последици за оние кои живеат во близина на проектното место или за другите потенцијално засегнати страни. Сепак, доколку има некакви проблеми, ние би сакале да слушнеме за било какви проблеми или поплаки кои може да ги имате во врска со активностите на проектот.

За повеќе детали и на кој начин да ја поднесете јавната поплака прочитајте ја брошурата и пополнете го формуларот кои ги има во прилог подолу.

Брошура

Формулар

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |