Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Правила за вршење на земјоделски активности за нерегистрираните земјоделци во периодот од 17-19.04 2020 година

Ве известуваме дека согласно заклучоците донесени на Општинскиот кризен штаб оддржан денес, 15.04.2020 година, а кое се однесува на  земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а имаат потреба за извршување на земјоделски активности на територијата на нашата општина во деновите од викендот вклучувајќи го и понеделник (17-19.04.2020 година), телефонски да гo известат Општинскиот кризeн штаб  каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризниoт штаб, најдоцна по петок до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.  Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозвожи непречено движење во сабота, недела и понеделник, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Пријавивањето е на дежурниот телефонски број  072/916-648.

Напоменуваме дека ова не важи за лицата под 18 годишна возраст и лицата над 67 години.

Крводарителска акција

На ден 21.04.2020 година (вторник) во просториите на СОУ „Богданци“  ќе се оддржи крводарителска акција во соработка со ЈЗУ „Институт за трансфузиона медицина на РСМ“ и „Црвен Крст на РСМ”.

Крводарителската акција ќе започне во 09.00 и ќе трае до 14.0 часот.

Сите заинтересирани да се пријават на телефонскиот број 078 321 465.

Направи добро дело!

Биди хуман!

Солидарноста повторно се покажа на дело

Денес општина Богданци во пресрет на Велигденските празници обезбеди и подели пакети со прехрамбени производи за семејствата со загрозен социјален статус на својата територија.

Изразуваме голема благодарност до Маркет С53, Лебопекара ММ Богданци, Печатница Софија и Маркет Миџо Стојаково за оваа нивна донација  кои во оваа исклучително тешка ситуација несебично мислат и им помагаат на граѓаните на нашата општина.

Одговорноста и солидарноста на секој во време кога ги живееме најтешките денови е за секоја почит.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ

Почитувани граѓани,

-Домаќинствата без приходи имаат право да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа

-Се информираат сите домаќинства кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП) за кое што можат да поднесат барање и во просториите на општинската администрација при општина Богданци, освен во центрите за социјална работа.

-За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

-Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од
4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови.

ВАЖНОДомаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.

За подетални информации повелете секој четврток од 08-13 часот во просториите на општинската администрација при Општина Богданци

Забрана за движење на сите граѓани од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во вторник

Владата на Република Северна Македонија на 40-та седница го разгледа и усвои предлогот за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, односно забраната за движење ќе започне од 17 април 2020 година (петок) од 16:00 часот и ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен кризен штаб од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

Лансирана нова веб страница www.pomagame.mk

Сега е време за солидарност, посветеност и грижа за другите, не смееме да ги заборавиме оние што најмногу се изложени на ризик и на кои најмногу им треба помош.

Во рамките на проектот „Креирање можности за работа за сите” каква поддршка нуди секоја општина за полесно и поефикасно справување со актуелната Ковид 19 ситуација, има достапни информации на  веб страницата www.pomagame.mk

Сите оние на кои им е најмногу потребна асистенција при справување со секојдневните животни потреби, сега имаат можност директно да му се обратат на лицето за контакт во својата општина и да побараат помош.

 

Известување за правила за движење за сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)

Ве известуваме дека согласно насоките добиени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство а кое се однесува на  земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да гo известат Општинскиот кризeн штаб  каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризниoт штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.  Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Земјоделците кои имаат потреба од извршување на земјоделски активности на територијата на општина Богданци потребно е да се пријават на дежурниот телефонски број  072/916-648.

Заклучоци донесени од Општинскиот кризен штаб оддржан на 08.04.2020

На ден 08.04.2020 год. (среда) со почеток во 10 часот општина Богданци оддржа Општински кризен штаб во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирус Kovid-19 на територија на општина Богданци.

На седницата покрај досега преземените мерки и заклучоци од страна на општина Богданци, а согласно препораките од страна на Главниот координативен кризен штаб и Владата на РСМ беа донесени следните заклучоци:

1. Организирано снабдување и достава на прехранбени артикли така што екипи на вработени на економски оператори ќе ги испорачуваат нарачките по телефон на пријавената адреса за испорака во периодот од 15.00 до 20.00 часот, во работни денови и од 09.00 до 14.00 часот во сабота и недела.

Оператори од Богданци кои се јавија на повикот на Општински кризен штаб Богданци се:

– ДТУ Солун 53 маркет тел.070/245-980 и 070/245-960
– ДТУ М-З Трејдинг маркет тел. 070/218-113 и 071/299-138
– ДТУ Екстра КУМ-МЗП маркет тел. 070/320-994 и 070/501-101

Оператори од Стојаково кои се јавија на повикот на Општински кризен штаб Богданци се:

– ТП ИЛ-МАР маркет 071/207-310
– ДПТУ БИГ МИЏО маркет тел. 070/900-303 и 070/263-656

Оператори од Селемли кој се јавија на повикот на Општински кризен штаб Богданци се:

– ДТТ ДУМИ,Душко ДООЕЛ, тел. 071/207-451 и 070/950-586

2. Сите стари и изнемоштени лица и натаму можат да набават и да им се достават
прехранбени артикли и лекови преку општинските мобилни тимови, јавувајќи се на
дежурниот телефон во Општина Богданци 072/916-648 и 034/222-333 секој работен ден од
08.00 до 15.00 часот. Во работните денови (од16.00 до 20.00часот) и преку викендот (од 09.до 14.00 часот)нарачките за
набавка можат да ги прават на дежурните телефони на супермаркетите како и на дежурниот телефон во општина Богданци 072/916-648.
3. Да се известат сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги,
задолжително да обезбедат ред при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се
контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум
потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
4. Да се продолжи со дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на
општина Богданци, по однапред утврдена динамика од страна на општината.

Посебен режим на движење за лицата со попреченост

Владата на Република Северна Македонија на својата 38-ма седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

За овие граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените згради

Денес, 09. 04.2020 год. (четврток) со почеток од 16.00 часот Општина Богданци ќе врши дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените згради на својата територија.

За таа цел  апелираме да не ги оставате вашите возила на улиците и јавните површини за да може непречено да се изврши дезинфекцијата и да се постигне саканата цел.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |