Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Компанијата Баџо ТП ДООЕЛ Богданци ја покажа својата општествена одговорност на дело

Баџо ТП ДООЕЛ Богданци донираше 200 литра средство за дезинфекција Дезинтал за потребите на општина Богданци. Истото ќе се искористи за дезинфицирање на општинските институции и  јавните површини на територијата на нашата општина.

Ова е уште еден пример кој дирекно влијае врз подобрување на условите во средината каде што живееме во услови на пандемија. Изразуваме голема благодарност и до оваа општествено одговорна компанија.

Aпелираме до сите граѓани да се придржуваат кон мерките со цел зачувување на сопственото и јавното здравје.

 

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на целата територија со важност од 8-ми април

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително,
За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Оддржан општински кризен штаб

На ден 03.04.2020 год. (петок) со почеток во 10 часот општина Богданци оддржа Општински кризен штаб во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирус Kovid-19 на територија на општина Богданци.

На седницата покрај досега преземените мерки и заклучоци од страна на општина Богданци, а согласно препораките од страна на Главниот координативен кризен штаб и Владата на РСМ беа донесени следните заклучоци:

  1. Да се задолжат Советите на станари и станарите во станбените згради редовно да вршат дезинфекција на зградите.
  2. Да се постават дезинфекциони бариери со сензори на влезовите во Богданци .
  3. Воведени се дежурни телефони –Сите граѓани кои имаат потреба од консултација за психолошка поддршка можат да се обратат на дежурните телефонски броеви: 076 304 990 и 078 331 351 за возрасни лица во текот на 24 ч. За психолошка поддршка за деца и адолесценти, консултации на дежурниот телефонски број: 078218031.
  4. Да се оградат со лента летниковците покрај брана Паљурци за да нема собирање на поголеми групи на луѓе и почесто патролирање од страна на полицијата.
  5. Да се известат сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат ред при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
  6. Да се продолжи со дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на општина Богданци, по однапред утврдена динамика од страна на општината.

 

Портал за е-учење на Општина Богданци

Општина Богданци за учениците и наставниците во основните и средните училишта во општината во соработка со Ристо Чавдаров и Факултетот за електротехника и информациски технологии ја  креираше платформата  Е-учење, портал за далечинско учење, учење од дома со примена на електронска комуникација.

Целта е да се создаде интерактивна настава, која ќе придонесе во надоместување на изгубениот наставен материјал и секојдневна интеракција со учениците.

Платформата за е-учење на Општина Богданци е изработена согласно насоките од Министерството за образование и наука за реализација и организација на наставата и оценување на учениците за време на вонредната состојба.

Учениците и наставниците во основните и средното училиште во општина Богданци за следење на наставата потребно е да пристапат на следниот линк: https://e-ucenje.bogdanci.gov.mk/

Ваквиот начин на учење доаѓа како резултат на состојбата за превенција и заштита од Covid – 19 (коронавирус).

Ви посакуваме многу успех!

Повторно ќе се врши дезинфекција на јавните површини

Денес, 30.03 2020 год. (понеделник) со почеток од 19.00 часот Општина Богданциповторно ќе изврши дезинфекција на улиците и јавните површини на својата територија.

За таа цел  апелираме да не ги оставате вашите возила на улиците и јавните површини како и да го ограничите вашето движење за да може непречено да се изврши дезинфекцијата и да се постигне саканата цел.

nakitbahis

ВИКИ КОМПАНИ пример за општествено одговорна компанија

     

Компанијата ВИКИ КОМПАНИ Гевгелија донираше средства за дезинфекција на раце кои се поставени пред прометните места , маркетите, банките и поштата на територијата на општина Богданци.

Ова е еден пример кој позитивно влијае врз свеста на граѓаните и дирекно влијае врз подобрување на условите во средината каде што живееме. Изразуваме голема благодарност до оваа општествено одговорна компанија.

Миењето на рацете и течно средство за дезинфекција на рацете е една од клучните стратегии во борбата против ширењето на коронавирусот.

Да бидеме одговорни за своето и јавното здравје !

ПРЕПОРАКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВО КАРАНТИН ИЛИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА СО СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ ВО ДОМОТ

Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба!

Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството.

Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на  вообичаен начин.

 

Дозвола за движење на фармери

Ги известуваме сите фармери на територијата на општина Богданци дека поради траењето на забраната за движење треба да се пријават денес до 10 часот, во регионалната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гевгелија за да им се издаде дозвола за движење.

Донесени дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително,донесена е и одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.

Новите одлуки за ограничување на движењето важат од 24 март 2020 година.

Повеќе информации може да погледнете овде.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |