На ден 03.04.2020 год. (петок) со почеток во 10 часот општина Богданци оддржа Општински кризен штаб во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирус Kovid-19 на територија на општина Богданци.
На седницата покрај досега преземените мерки и заклучоци од страна на општина Богданци, а согласно препораките од страна на Главниот координативен кризен штаб и Владата на РСМ беа донесени следните заклучоци:
Општина Богданци за учениците и наставниците во основните и средните училишта во општината во соработка со Ристо Чавдаров и Факултетот за електротехника и информациски технологии ја креираше платформата Е-учење, портал за далечинско учење, учење од дома со примена на електронска комуникација.
Целта е да се создаде интерактивна настава, која ќе придонесе во надоместување на изгубениот наставен материјал и секојдневна интеракција со учениците.
Платформата за е-учење на Општина Богданци е изработена согласно насоките од Министерството за образование и наука за реализација и организација на наставата и оценување на учениците за време на вонредната состојба.
Учениците и наставниците во основните и средното училиште во општина Богданци за следење на наставата потребно е да пристапат на следниот линк: https://e-ucenje.bogdanci.gov.mk/
Ваквиот начин на учење доаѓа како резултат на состојбата за превенција и заштита од Covid – 19 (коронавирус).
Ви посакуваме многу успех!
Денес, 30.03 2020 год. (понеделник) со почеток од 19.00 часот Општина Богданциповторно ќе изврши дезинфекција на улиците и јавните површини на својата територија.
За таа цел апелираме да не ги оставате вашите возила на улиците и јавните површини како и да го ограничите вашето движење за да може непречено да се изврши дезинфекцијата и да се постигне саканата цел.
Компанијата ВИКИ КОМПАНИ Гевгелија донираше средства за дезинфекција на раце кои се поставени пред прометните места , маркетите, банките и поштата на територијата на општина Богданци.
Ова е еден пример кој позитивно влијае врз свеста на граѓаните и дирекно влијае врз подобрување на условите во средината каде што живееме. Изразуваме голема благодарност до оваа општествено одговорна компанија.
Миењето на рацете и течно средство за дезинфекција на рацете е една од клучните стратегии во борбата против ширењето на коронавирусот.
Да бидеме одговорни за своето и јавното здравје !
Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба!
Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството.
Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин.
Ги известуваме сите фармери на територијата на општина Богданци дека поради траењето на забраната за движење треба да се пријават денес до 10 часот, во регионалната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гевгелија за да им се издаде дозвола за движење.
На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.
Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.
Дополнително,донесена е и одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.
Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.
Новите одлуки за ограничување на движењето важат од 24 март 2020 година.
Повеќе информации може да погледнете овде.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата на Република Северна Македонија на 25-тата седница што се одржа на 21.03.2020 година одлучи:
Секој кој нема да го почитува полицискиот час ќе биде казнет согласно член 206 од Кривичниот законик, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Затоа да покажеме највисоко ниво на самосвест, солидарност и заедничка одговорност.
Повеќе информации може да погледнете овде.
Општина Богданци ги известува граѓаните од нашата општина дека согласно Заклучоците донесени од Владата на Република Северна Македонија на својата 23-та седница со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини.
Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
Подетални информации се содржани во Записникот од 23-та Седница на Владата на РСМ кој е достапен на следниот линк.
Општина Богданци Ви благодари за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие упатства.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |