Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Буџетски форум во Општина Богданци за 2020 година

Врз основа на член 82-а став 1  од  Статутот на општина Богданци  (“Службен гласник на општина Богданци“  бр.04/05…09/19) и член 12 од Правилникот за организирање и одржување на форуми на заедниците на општина Богданци ( “Службен гласник на општина Богданци“ бр.06/11), Градоначалникот на Општина Богданци, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Буџетски форум во Општина Богданци

за 2020 година

 

Се повикуваат сите граѓани на општината, бизнис секторот, невладините организации и сите други заинтересирани субјекти (правни и физички лица) да присуствуваат и рамноправно да учествуваат во работата на првата сесија на Буџетскиот форум.

Основаната цел на ораганизирањето на  овој форум е преку директно, партиципативно учество граѓаните да добијат можност да придонесат во креирањето на Буџетот на општина Богданци за 2020 година. Ова претсавува добар начин за пододбра распределба на ограничените буџетски средства и постигнување поголем ефект при нивна реализација.

Општина Богданци на овој начин ја искажува  својата транспарентност , излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Форумот ќе се одржи во просториите на Домот на културата “Бранд Петрушев“  во Богданци на 02.12.2019 година (понеделник) во 18.00 часот

 

 

 

Соопштение

Се известуваат жителите на Стојаково дека во Четврток (28.11.2019година) закажан е работен состанок со Градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов во просториите на ресторанот со почеток во 19.00 часот. На истиот ќе се разговара за досегашните активности, зс тековните проекти но и за идните планови за развој на селото. Го очекуваме Вашето присуство.

Препораки од Владата на Република Северна Македонија во врска со загадувањето на воздухот

По одржаниот состанок на Владата на Република Северна Македонија во врска со актуелната состојба со животната средина – квалитетот на воздухот и заклучоците кои произлегоа од состанокот, општината апелира да не се користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла за индивидуално затоплување и затоплување во правните субјекти.

За таа цел, на територијата на Општина Богданци се формираа тимови кои ќе вршат инспекциски надзор, со цел да се заштити животната средина и здравјето на луѓето.

Спроведена закажаната еко акција

Успешно заврши планираната акција за чистење на улиците „Крушевска“ и „Изворски“, како и паркот пред СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци.
 Благодарност до учениците и наставниците од СОУ„БОГДАНЦИ“ Богданци и ООУ „Петеар Мусев“ Богданци, претставници од Совет на Општина Богданци, вработени од Општина Богданци, ЈП „Комунална чистота“ Богданци како и на граѓаните  кои се вклучија во акцијата.

Акција за почист град

Советот на Општина Богданци заедно со  Општина Богданци, на ден 29.10.2019година (вторник) со почеток од 12:30 часот, организираат ДОБРОВОЛНА акција за собирање на смет од улиците „Крушевска“ ( од раскрсница- продавница на  Перо Попов до ООУ„Петар Мусев“ Богданци), улица „Изворски“ (почеток од Општина Богданци до откупен магацин на „Туран“ Богданци) и паркот пред СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци .

Место на собирање на учесниците во акцијата е паркот пред СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци.

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2020 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15 и 09/19), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2020 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината;
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2020 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2019 година (до денот на поднесување на пријавата);

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 24.10.2019 година (Четврток) до 16 часот.
            Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2020 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2020 година.

                                                                                                           

Јавен повик за финансирање на спортските активности од Буџетот на Општина Богданци за 2020 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“  бр.04/05, 04/11, 04/15  и 09/19), Градоначалникот на Општина Богданци објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на спортските активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2020 година

             Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2020 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2019 година (до денот на поднесување на пријавата).

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 24.10.2019 година (Четврток) до 16 часот.
              Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2020 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2020 година.

                                                                                                                

Соопштение од Основен суд Гевгелија по повод Европскиот ден на граѓанска правда

Почитувани,

Основниот суд Гевгелија ги известува граѓаните дека по повод 25-ти Октомври, Европскиот ден на граѓанска правда, организира отворен ден со цел правдата да се доближи до граѓаните и да бидат запознаени со нејзиното спроведување.

izmir escort

На овој ден (25.10.2019 година) Основниот суд Гевгелија на сите граѓани ќе им овозможи слободен пристап во своите простории кога ќе можат да присуствуваат на предавањата на тема „Право на сопственост“ и „Семејно право“ во периодот од 10,00 до 12,00 часот во сала бр.4 и сала бр.3.

Соопштението може да го погледнете во прилог.

Честит Празник 11 Октомври

Почитувани граѓани,
Нека ни е честит празникот 10 Октомври  – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – Денот на македонскиот непокор!


buca escort

Да го забележиме времето во кое живееме, но никогаш да не ги запоставиме заслугите на постарите генерации.
Ви посакувам добро здравје и уште многу вакви годишнини.
Градоначалник на
Општина Богданци

Прекатегоризиран дел од Регионалниот пат Р1109

Почитувани,

Ве известуваме дека со Одлука на Владата на Република Северна Македонија за измена на Одлуката за категоризација на државните патишта која влезе во сила на 24.09.2019 година, извршени се измени во делот на Регионалните патишта, така што за Регионален пат Р1109 наместо улицата Маршал Тито во Богданци е назначен патот Гевгелија (врска со А1) – Богданци (обиколница Богданци) – Фурка (врска со Р1105).


bornova escort

Тоа значи дека улицата Маршал Тито која минува низ центарот на Богданци се прекатегоризира од транзитен пат во улица.

Ова беше еден од неопходните чекори кои е потребно да се направат за да се започне со реконструкција на Заобиколницата во Богданци од страна на Јавното Претпријатие за Државни Патишта.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |