Општина Богданци доби финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по јавниот повик за мерка 321 Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, подмерка 321.1 Изградба на локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на две или повеке населени места во руралните средини во должина до 5 км врз основа на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018.
Финансиската поддршка е за проектот: Реконструкција на локален пат Стојаково –Селемли, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција изнесува 18.033.226,00 денари.
Општина Богданци доби финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по јавниот повик за мерка 322 Обнова и развој на селата, подмерка 322.2 Инвестиции за изградба и/или реконструкција на улици во населени места во рурални средини (вклучително и атмосферска канализација и пешачки елементи) во должина до 1 км, врз основа на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018.
Финансиската поддршка е за проектот: Реконструкција на улици во населено место Селеми, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција изнесува 8.418.880,00 денари.
Општина Богданци доби финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и по јавниот повик за мерка 323 Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, подмерка 323.3 Изградба или реконструкција на патна инфраструктура за пристапност до и околу природни знаменитости во рурални средини вклучително и нивно уредување и воведување на комплементарни содржини –пешачки, велосипедски и останати спортски патеки и шеталишта, врз основа на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018.
Финансиската поддршка е за проектот: Реконструкција на пешачка и велосипедска патека Богданци-Чести Јавори-Паљурци, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција изнесува 10.681.140,00 денари.
По завршување на тендерските постапки и избор на најповолен понудувач за трите проекти ќе се пристапи кон реализација на истите.