Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Превземени активности на општина Богданци за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локалната патна мрежа

Општина Богданци во рамки на своите можности и подпомогната од Фондот за патишта редовно ги оддржува локалните улици и патишта.

Реалната слика е дека и покрај редовното оддржување локалната патна мрежа е во релативно лоша состојба. Ваквото редовно оддржување на веќе истрошените улици претставува голем товaр за Општината и во иднина како општина со скромен Буџет за оваа намена не ќе бидеме во состојба континуирано да обезбедуваме квалитетно оддржување на локалната патна мрежа, затоа  врз основа на стратешкиот документ за локален развој предвидено е реконструкција на следниве локални улици и патишта со изнаоѓање средства од домашни и мегународни донатори:

 

  • Улици и патишта за кои е веке аплицирано и за кои се очекуваат резултати.
  1. Реконструкција на локален пат Стојаково –Селемли во вредност од 21.279.206,28 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 321 и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 3903.17м.
  2. Реконструкција на улици во населено место Селемли во вредност од 9.934.278,46 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 322 и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 991,81м (475,16 главна улица +123,8 Ул1 +151,15Ул2 +67,84Ул3 +173,86Ул4).
  3. Реконструкцијата на пешачка и велосипедска патека Богданци-Честе Јавори –Паљурци фаза 1 во вредност од 12.603.745,20 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 323 и е во очекување на негово одобрување, патеката е во должина од 2647,77м.
  4. Реконструкција на локален пат Делница Р1109-Стојаково во вредност од 13.605.914,63 денари со вклучен ДДВ, со овој приоритетен регионален проект општина Богданци преку ЦРЈИПР има аплицирано до програмата на АФПЗРР и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 2.603,40м.
  5. Реконструкција на дел од пристапни улици кон здравен дом во Богданци (дел од улици Васо Марков, Мирче Ацев и Дојранска) во вредност од 2.612.823,25 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата за развој на на обединетите нации УНДП  проектот е одобрен и во очекување сме на негово имплементирање во наредниот период, патната мрежа е во должина од 405,06м (201,66 Васо Марков+79,13 Мирче Ацев+124,27 Дојранска).

 

  • Улици и патишта за кои е изработена целосна проектна документација и се очекува изнаогање на донаторски фондови.
  1. Патна инфраструктура во туристичка зона Паљурци – Приклучок на улици 1 и 2 кон регионален пат Р1109 Богданци –Фурка во м.в Паљурци во вредност од 5.579.573,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 300м.
  2. Реконструкција на улица Крушевска –Богданци во вредност од 15,120,026.63 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од 1.318,53м.
  3. Изградба на нов мост преку Луда Мара за поврзување на населено место Богданци со индустриска зона Барта во вредност од 11.776.706,80 денари со вклучен ДДВ, должина на мост 24,1м, ширина на мост 5,5m со две сообраќајни ленти од 2,75m.
  4. Реконструкција на улица во с.Гавото во вредност од 5.172.308,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 1000м.
  5. Реконструкција на улица Кочо Рацин –Богданци во вредност од 2.061.889.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 260м.
  6. Реконструкција на улица Брака Миладинови –Богданци во вредност од 2.404.357,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 250м.
  7. Реконструкција на улица Ѓуров Дол –Богданци во вредност од 2.494.009.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 270м.
  8. Реконструкција на улица Мирче Џочков –Богданци во вредност од 1.524.956.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 160м.
  9. Реконструкција на улица Мирка Гинова –Богданци во вредност од 1.341.607.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 130м.

–      Улици и патишта за кои е во тек изработка на проектна документација.

  1. Ул Петар Мусев во населено место Богданци.
  2. Ул Иво Лола Рибар во населено место Богданци.
  3. Ул Козјак во населено место Богданци.
  4. Ул 26-ти Април во населено место Богданци.
  5. Ул Луда Мара во населено место Богданци.
  6. Ул Осоговски во населено место Богданци.
  7. Ул 11-ти Октомври во населено место Богданци.
  8. Ул 10-ти Октомври во населено место Богданци.

 

  • Уредување на улици предвидено со годишната програма за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локални патишта и улици во општина Богданци за 2019 година
  1. Кршење на стар асфалт и вадење на стари ивичњаци, чистење на тротоарска површина, тампонирање и поставување на бехатон на ул Маршал Тито- Богданци во вредност од 1.900.000,00 денари.
  2. Сечење на асфалт, ископ, поставување и набивање на тампон и поставување на гребнатини на ул Петар Мусев, ул Изворски, ул Крушевска пред градинка и основно училиште- Богданци во вредност од 79.200,00 денари.
  3. Крпење на асфалт- Богданци во вредност од 354.000,00 денари.
  4. Дел од улица 25-мина –Стојаково во вредност од 1.000.000,00 денари (Набавка, транспорт и поставување на улични бетонски рабници 18/24см, чистење, тампонирање и поставување на бехатон во површина од 795м2).
  5. Споредни улици- Ѓавото (чистење, тампонирање и бетонирање од 4000м2) во вредност од 2.000.000,00 денари.

За дел од проектите за кои има спремна проектна документација се очекува реализација преку повиците во новата ИПАРД мерка ,Унапредување и развој на руралната инфраструктура, која се очекува да биде активна од 2019 година и стретсвата обезбедени за развој на општините преку Светска банка кој се очекуваат да бидат активни во првиот квартал од 2019, додека за проектите од регионално значење се очекува реализација преку ЦРЈИПР со средсва обезбедени од БРР во мерката за регионален развој.

Во годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2019 година на ЈП за државни патишта предвидено е отпочнување на реализација на Регионален пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, должина 24 км.

Вредно да се напомене е дека како дополнителен проблем со кој се соочува општина Богданци е застарената урбанистичка документација која при реконструкција на локалните улици и патишта носи  потреба од  легализација и експропријација.

Во моментот општина Богданци има завршен процес за легализација на обиколницата околу Богданци и на делови од улиците Васо Марков, Мирче Ацев и Дојранска.

Покрај сите предизвици со кои се соочува, општина Богданци продолжува да изнаоѓа најсоодветни решенија во служба на граганите за обезбедување поквалитетни услови за живеење.

 

Јавен оглас за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 2365/20 од 25.12.2018 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 18/18), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува  

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјлана парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 03.02.2019 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

Градоначалникот во посета на првороденото бебе во Новата Година

 

 

На 03.01.2019 година се роди првото бебе (машко) во Одделението за Гинекологија и Акушерство при општата Болница во Гевгелија.

Мајка на првороденото бебе е  Гордана Диванисова  од Богданци.

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов,  денес ја посети родилката на кои и беа доделени пригодни подароци.  Исто така ќе и биде доделен и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

 

Почитувани,

Ми претставува задоволство во мое лично име, во името на општинската администрација како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.

Ќе ја искористам оваа честитка да им посакам на сите Христијани од Православна вероисповед претстојниот празник, Раѓањето Христово – Божиќ да го минат во добро здравје, мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност  за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласувања.

Празничните денови нека донесат Божји благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства.

Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2019 година!

Среќни празници!

 

Со почит,

Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци

 

Соопштение за прекин на водоснабдувањето во Богданци и село Ѓавото

Се информираат жителите на Богданци и с.Ѓавато дека денес, 31.12.2018 година поради дефект со напојувањето со електричната енергија (висок напон) во село Ѓавато, без вода за пиење ќе останат населените места Богданци и Ѓавато, почнувајќи од 15.00 часот. Во моментов се работи на отстранување на дефектот.  Се надеваме на разбирање од Ваша страна

Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач

Согласно член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Р.Македонија бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14,112/14………..163/2018) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и на сертификатот за авто – такси возач („Службен весник на Р.Македонија бр.98/14), Oпштина Богданци Ве известува дека ќе спроведе испит за добивање на сертификат за авто такси возач.

Истиот ќе се спроведе на ден 27.12.2018 година (Четврток) со почеток во 12:00 часот.

Испитот ќе го спроведе посебна комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.

Кандидатите (авто – такси возачи) освен пријава, потребно е да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

Пријавите се поднесуваат во архивата на Општина Богданци најдоцна до Среда, 26.12.2018 година, 16:00 часот.

Ќе се оддржи 21-та седница на Советот на Општина Богданци

На 25.12.2018 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Богданци ќе се одржи 21-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следниве точки:

  1. Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2019 година;
  2. Предлог –Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2019 година;
  3. Предлог – Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2019 година;
  4. Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци  во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2019 година;
  5. Предлог-Одлука  за сопствено учество за проект;
  6. Предлог-Програма за управување со отпад во Општина Богданци за 2019 година;
  7. Предлог -Програма  за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2019 година;
  8. Предлог –Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2019 година;
  9. Предлог -Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година;
  10. Предлог-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2019 година;
  11. Предлог – Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
  12. Предлог -Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2019 година;
  13. Предлог -Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2019 година;
  14. Предлог –Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2019 година;
  15. Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
  16. Предлог –Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2019 година;
  17. Предлог –Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2019 година;
  18. Предлог – Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2019 година;
  19. Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
  20. Предлог-Буџет на општина Богданци за 2019 година;
  21. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2019 година;
  22. Предлог-Буџетски календар за 2019 година;
  23. Предлог-Одлука за утврдување на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
  24. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2019 година;
  25. Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2018-30.09.2018 година
  26. Разгледување на Годишна програма за работа на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2019 година;
  27. Разгледување на одлука за утврдување на тарифа за снабдување  со вода за пиење и одведување на отпадни води;
  28. Советнички прашања.

Информација за процесот на донесување на ЛЕАП

Почитувани,

Општина Богданци, во наредниот период, донесува плански документ ЛЕАП – Локален еколошки акционен план, кој се изработува за период од шест години.

ЛЕАП е стратешки документ што се подготвува со цел планирање на заштита на животната средина на локално ниво.

Секој заинтересиран граѓанин со своето знаење може да се вклучи во работата на документот и тоа  во областите вода, воздух, отпад, природа, почва и искористување на земјиштето, најдоцна до 24.12.2018 година во просториите на Општина Богданци.

Процесот на подготовка на ЛЕАП подразбира активно вклучување на јавноста при донесување на одлуки преку јавна анкета и информативни состаноци.

Учеството во изработувањето на овој документ е волонтерско .

 

Контакт :

Општина Богданци

Јованка Ампова

тел. 078 321 586

Јавен повик

Арх.бр.09-2225/1

од 05.12.2018 год.

Врз основа на член 8 став 1 од Закон за финансиска подршка на единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (,, Службен весник на РМ“ бр.209/18), Градоначалникот на Општина Богданци, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2018

            Со овој јавен повик се повикуваат сите доверители на Општина Богданци и единки корисници кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Богданци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

            Пријавата треба да содржи:

-целосен назив на физичко/правното лице и седиште;

-матичен и даночен број на доверителот;

-телефон за контакт и маил адреса;

-сите можности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на најзината обврска.

Со пријавата во која ќе биде назначено дали истата се однесува на Општина Богданци или за единките корисници, доверителите треба да достават:

– Тековна состојба ( за правните лица), не постара од шест месеци, во оригинал или копија заверена на нотар / фотокопија од лична карта за физички лица заверена на нотар;

– Книговодствена документација за вкупните нивни побарувања врз основа на која е настаната обврската;

Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.

За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријават ќе бидат дополнително известени.

По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.

Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.

Рокот за пријавување на јавниот повик  е 15 дена, а започнува да тече наредниот ден од денот на објавување на повикот.

Повикот ќе биде објавен на огласна табла на Општина Богданци, на web страната на Општина Богданци и во два дневни весника .

Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до архивата на Општина Богданци ул.,,Маршал Тито“ бр.62 Богданци , со назнака ,, За Јавен повик бр.1/2018 за пријава за доверители“ или по пошта со препорачена пратка.

Ненавремени пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци

Дел.број 03-2115/4

од 28.11.2018 год.

 Врз основа на член 56 од Закон за градежно земјиште (,,Службен весник на РМ“ бр.15/15,98/15,193/15, 226/15,31/16, 142/16 и 190/16), Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање на Општина Богданци, изврши

 

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА број 2

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци

 

Се врши исправка на Објавата број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци , објавена во дневните весници ,, Вечер“ , ,,Нова Македонија“  и  ,,Коха“ на 26.11.2018 година и во Службен весник на РМ и тоа:

-Точка 21 , се менува  и гласи: Висината на посебните трошоци во постапката за отуѓување на градежно земјиште изнесува 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозноста на понудата, но не повеќе од 15.000,00 денари.

-Точка 26 се менува и гласи:  Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) работни дена од приемот на истиот.

Останатите податоци остануваат непроменети.

Оваа исправка на објавата ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk

 

 

 

ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Комисија за спроведување

на постапки за јавно наддавање

Претседател Силвана Данаилова

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |