Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Прво прскање против комарци

Ве информираме дека првото авио-третирање против комарци во општините Богданци, Валандово и Дојран е планирано да се изврши на 27.06.2019 година – четврток, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе  на 28.06.2019 година.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да  ги затворат истите во најавениот временски период.

Повик за јавна расправа

Во Понеделник  на 24 јуни 2019 година, со почеток во 20 ч. во просториите на ЈОУ Дом на Култура Богданци ќе се одржи јавна расправа за долгорочно задолжување на Општина Богданци во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги, МСИП.

Предмет на задолжување е изградба на нов мост преку река Луда Мара, итноста за реализација на овој проект е заради рехабилитација на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка дел од регионалниот пат 1109.

Учествувајќи на оваа јавна расправа, заинтересираните страни во општина Богданци ќе имаат можност да дадат придонес во определувањето на приоритетите за идна реализација  согласно условите за задолжување пропишани од проектот.

Општина Богданци ги повикува сите  граѓани, претставници од приватниот сектор, претставници од невладиниот сектор, претставниците на урбаните и месните заедници како и сите други заинтересирани страни да земат учество во јавната расправа.

Соопштение

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,

ОД ЧЕТВРТОК  (30.05.2019),ПОПЛАДНЕ ДО САБОТА  (01.06.2019),ДО КРАЈ НА ДЕНОТ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ АКТИВНОСТИТЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦИТЕ ВО ВАШИОТ РЕОН СО АСФАЛТИРАЊЕ НА ИСТИТЕ.

ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ (АСФАЛТИРАЊЕТО) МОЖЕ ДА СЕ ПРОЛОНГИРААТ ЗАРАДИ НЕСООДВЕТНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ.

ОВАА АКТИВНОСТ ПОДРАЗБИРА ПРИВРЕМЕН ЗАСТОЈ ВО НОРМАЛНОТО ОДВИВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ.

ОД ТИЕ ПРИЧИНИ ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДА ГО ПЛАНИРАТЕ КОРИСТЕЊЕТО НА ВАШИТЕ АВТОМОБИЛИ И ДРУГИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА И ИСТОТО ДА ГО  ПРИСПОСОБИТЕ  СОГЛАСНО ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО И СОРАБОТКАТА!

ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Рехабилитација на регионален пат 1109, делница Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на регионален пат Р1109, делница Дедели-Фурка-Богданци-Гевгелија” во должина од 15,8 км.

Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира  јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.

Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на нивните интернет страници:  https://bogdanci.gov.mk/   и www.roads.org.mk .

 Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти, План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведените проекти, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:

просториите на Дом на културата во општинa Богданци на 31.05.2019 година (петок) со почеток во 12 часот .

 

Лица за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева

Тел: 02/3118 044 лок.305

E-mail: saska@roads.org.mk

Општина Богданци

Јованка Ампова

Моб: 078 321 586

E-mail: jovankaampova@yahoo.com

Извештај за оцена на животната средина и социјалните аспекти за рехабилитација на Регионален пат Р1109

Образец за жалба

Известување

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај. Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Реконструкција на дел од пристапни улици кон Здравствен Дом во Богданци

Денес, 15.05.2019 година, започна реализацијата на Под-проектот: „ Реконструкција на   дел од пристапни улици кон Здравствен Дом во Богданци “, во рамките на  ЕУ проектот „Унапредување на општинското владеење“, менаџиран од страна на УНДП.

Со проектот ќе се изврши реконструкција на дел од три улици : Васо Марков , Мирче Ацев и Дојранска,  во вкупна вредност од 2.183.107 денари, каде општина Богданци учествува во кофинансирањето на проектот со 615.258 денари сопствени средства .

Проектот преставува дел од Стратешките определби на Локалната самоуправа во Богданци чија цел е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на општината преку подобрување на локалната инфраструктура, а во прв план преку подобрување на патната инфраструктура.

Потребното време за реализација на сите активности за реконструкција , доколку дозволат временските услови е еден месец.

Најава

Почитувани,

 

Ве известуваме дека најавениот прекин за снабдување со електрична енергија на 19.05.2019 година (Недела) согласно добиеното Известување од ЕВН  ќе биде одложен.

За следни промени ќе бидете благовремено известени.

Најава за прекин во снабдувањето со електрична енергија

Почитувани,

Согласно добиеното известување од ЕВН Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 19.05.2019 (Недела) од 06:00 до 18:00 часот ќе бидaт сите корисници од Општина Богданци ( Богданци , Стојаково , Селемли , вклучително индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија и Дојран -Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и2 , систем Спас за Дојран, Рибник Елита и други), заради интервенција на водот.

Ларвицидна дезинсекција на територијата на Општина Богданци

На ден 03.05.2019 година (Петок) на територијата на Општина Богданци беше извршена ларвицидна дезинсекција против ларви од комарци од страна на ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Велес ПО Гевгелија, согласно Елаборатот со Акциониот план за спроведување на превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |