ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат граѓаните на с. Ѓавото дека се врши поставување на нови приклучоци на водоводната линија низ населеното место Ѓавото. Од таа причина во текот на наредните денови можни се повремени прекини во водоснабдувањето додека се заврши со новите приклучоци.
Се надеваме на разбирање.
Општина Богданци
По повод 1 април, Денот на шегата, со почеток во 10.00 часот во Градскиот парк во Богданци се одржа традиционалната манифестација „Априлијада“.
Во програмата свое учество зедоа дечиња од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, како и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци, ООУ “Кирил и Методиј“ Стојаково и СОУ „Богданци“.
Настанот го организираше Дом на Култура „Бранд Петрушев“ во соработка со Општина Богданци.
Сите учесници добија Благодарници за учество а соодветно беа наградени следните маски:
Почитувани,
Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија поради интервенции на екипите на дистрибутивната мрежа, без снабдување со електрична енергија ќе останат сите стопански и нестопански корисници според следниот распоред
На ден 12.03.2019 година на работилница оддржана во просториите на ЈОУДК Бранд Петрушев, беше разгледана Нарцт верзијата на документот Интегриран план за локален развој на Општина Богданци од тимот за изработка на овој стратешкиот документ.
По предлог верзијата на документот Интегриран план за локален развој на Општина Богданци упатуваме повик за јавна расправа до сите заинтересирани граѓани и деловни субјекти со цел донесување на што поизддржан (подобар) стратешки документ за развој на општината .
Забелешките во однос на стратешкиот документ ги очекуваме до 28.03.2019 година на следната e-mail адреса: opstina_bogdanci@t-home.mk.
Предлог верзијата на документот може да ја превземете од следниот линк ИПЛР-ПРЕДЛОГ .
Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП), е стратешки плански документ на локално ниво инициран од потребата на граѓаните за чиста и здрава животна средина, но и како правна обврска која произлегува од законската регулатива.
Со цел поголема информираност на граѓаните и во насока на нивно вклучување во процесот на подготовка и изработка на ЛЕАП, објавуваме Јавна анкета во електронска верзија, како би можеле сите заинтересирани граѓани да одговорат на истата по електронски пат.
Со пополнување на анкетниот прашалник https://www.surveymonkey.com/r/2WGMFC5 , Вие директно учествувате во креирање на животната средина во нашата Општина.
Акцијата за пошумување која ја организираше Општина Богданци во соработка со Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, на м.в ,, Ранковец “ (4 – 5 ветерница) на ден 21.02.2019 година, заврши по планираното.
Благодарност до учениците од училиштата во Општина Богданци и нивните наставници, до Директорот на Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија и вработените.
Извештајот за површината и бројот на засадените садниците (бор) го подготвува Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија.
Ве известуваме дека Општина Богданци во соработка со Подружница ШС „Кожуф“ Гевгелија, организира акција за пошумување на м.в „Ранковец“, патот кон депонијата во Богданци, територија помеѓу четвртата и петтата ветерница.
Активноста ќе се одржи на ден 21 февруари 2019 година (четврток), во период од 10:30 до 13:00 часот.
Во акцијата можат да се вклучат, освен учениците од училиштата во Општина Богданци, физички и правни лица кои ќе покажат интерес.
Почитувани,
Ве известуваме дека фирмата која Ви подели садови за собирање на искористено масло за јадење врши собирање на истото со доаѓање до вашите домови. По полнење на садовите јавете се на тел. 02 2 650 100 и 02 2 650 600 или обратете се на следната е-маил адреса: operator@sunilens.com.mk.
Општина Богданци во рамки на своите можности и подпомогната од Фондот за патишта редовно ги оддржува локалните улици и патишта.
Реалната слика е дека и покрај редовното оддржување локалната патна мрежа е во релативно лоша состојба. Ваквото редовно оддржување на веќе истрошените улици претставува голем товaр за Општината и во иднина како општина со скромен Буџет за оваа намена не ќе бидеме во состојба континуирано да обезбедуваме квалитетно оддржување на локалната патна мрежа, затоа врз основа на стратешкиот документ за локален развој предвидено е реконструкција на следниве локални улици и патишта со изнаоѓање средства од домашни и мегународни донатори:
– Улици и патишта за кои е во тек изработка на проектна документација.
За дел од проектите за кои има спремна проектна документација се очекува реализација преку повиците во новата ИПАРД мерка ,Унапредување и развој на руралната инфраструктура, која се очекува да биде активна од 2019 година и стретсвата обезбедени за развој на општините преку Светска банка кој се очекуваат да бидат активни во првиот квартал од 2019, додека за проектите од регионално значење се очекува реализација преку ЦРЈИПР со средсва обезбедени од БРР во мерката за регионален развој.
Во годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2019 година на ЈП за државни патишта предвидено е отпочнување на реализација на Регионален пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, должина 24 км.
Вредно да се напомене е дека како дополнителен проблем со кој се соочува општина Богданци е застарената урбанистичка документација која при реконструкција на локалните улици и патишта носи потреба од легализација и експропријација.
Во моментот општина Богданци има завршен процес за легализација на обиколницата околу Богданци и на делови од улиците Васо Марков, Мирче Ацев и Дојранска.
Покрај сите предизвици со кои се соочува, општина Богданци продолжува да изнаоѓа најсоодветни решенија во служба на граганите за обезбедување поквалитетни услови за живеење.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |