Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување

Ги известуваме граѓаните дека активностите за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци моментално се одвиваат на улицата Страшо Пинџур. Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, сообраќајните правила и прописи и да се движат со зголемена внимателност, а по потреба да ги користат останатите улици од сообраќајната мрежа, како алтернативни правци за движење.

Известување за одобрен урбанистички проект со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели

Општина Богданци Ве известува дека одобрен е Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1; дел од КП 3240; дел од КП 3241; дел од КП 3242; дел од КП 3242/1; дел од КП 3242/2; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW ) тех. број 03-124/2022 од мај 2022г. изработен од Друштво за производство, трговија, услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, со Потврда за одобрување на  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1; дел од КП 3240; дел од КП 3241; дел од КП 3242; дел од КП 3242/1; дел од КП 3242/2; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW ) бр 11 – 28/12 од 09.11.2023 год. издадена од Општина Богданци, чиј инвеститор е Пешков Санде ул Маршал Тито бр 82 Богданци.

Светиот крст во Богданци во рацете на Саше Михајловиќ

23 годишниот Саше Михајловиќ годинава е најсреќниот учесник во црковната манифестација на положување на светиот крст во водата на брана Паљурци во Богданци. Во Ѓавото крстот го фати Перо Попов, а во Селемли Ристо Влахов од Стојаково.

Општина Богданци среќните учесници кои го фатија крстот ги даруваше со ваучери во износ од 10 000 денари а пригодни подароци добија и од локалната бизнис заедница.

На сите нека им даде Господ здравје, среќа и бериќет ним и нивните најблиски.

Бог се јави! Навистина се јави!

За многу години денешниот ден!

Соопштение по повод претстојниот празник Богојавление, Водици

Општина Богданци по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештените лица од црквите „Св.Атанасиј Велики“ Богданци и св.„Недела“ Стојаково, ќе oрганизира потопување на светиот крст во водите на брана „Паљурци“ во Богданци со почеток во 12 часот и брана „Селемли“ Селемли и река „Вардар“ во Ѓавото со почеток во 11.00 часот.

За таа цел се повикуваат сите заинтересирани лица на ден 19.01.2024 година (петок) да присуствуваат на оваа манифестација и со својата масовност да го одбележат овој голем ден за сите христијани.

Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за „Реконструкција на дел од улица 26-ти Април“ во Богданци

Министерство за транспорт и врски

Проект за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, ОпштинаБогданциаплицираше со под-проект за „Реконструкција на дел од улица „26-ти Април“ во Богданци,  општина Богданци.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 11.01.2024 година на официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот

Министерството за транспорт и врски

СРЕЌЕН БОЖИЌ!

Ми претставува големо задоволство, во овие празнични денови, да Ви посакам весел и благословен Божиќ, добро здравје, лична и семејна среќа и многу успех . Сплотени, со отворени срца и чиста мисла, да го празнуваме Божиќ и низ вера и надеж, да се помолиме за здравје, среќа и спокој. Да успееме во овие времиња, да ја зачуваме Божиќната магија и во текот на цела година, да веруваме, зашто вербата ја прави секоја мисија возможна, да се надеваме зашто надежта го прави секој подвиг достижен и низ труд и работа да постигнуваме успех. Пречекајте ги деновите исполнети со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година. Нека Ви е честит големиот христијански празник БОЖИЌ и за многу години! ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ

Коледарски оган во Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавото

Почитувани,

Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2024 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган.

Во Богданци настанот ќе се оддржи во петок, 05.01.2024 година во Градскиот парк со почеток во 18.30 часот.

Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 Маркети.

Во забавниот дел од програмата учество ќе земат локални музички изведувачи.

Во Ѓавото бадниковиот хепенинг ќе се оддржи во петок, со почеток во 18.00 часот

Во сабота, 06.01.2024 година, истиот настан во организација  на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во Спортска Сала „Стефан Мандалов – Манданата“ со почеток во 18.00 часот, а во организација на Месната Заедница Селемли бадникарски оган ќе се пали и во Селемли со почеток во 18.00 часот.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |