Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08-1859/19 од 28.12.2023 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 16/22), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2024 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици за периодот од месеците јануари-декември 2024 година.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од две компоненти тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата или
  2. покривање на трошоците  за ѓубретарина од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата

Субвенционирањето ќе можат да го користат само за едната компонента.

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

       Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјaлна парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

      Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

      Јавниот оглас ќе се објави на веб страницата на општина Богданци www.bogdanci.gov.mk , а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 18.01.2024 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ ВО БОГДАНЦИ И СТОЈАКОВО

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници денес Градоначалникот ја имаше можноста да присуствува во просториите на детската градинка ,, Коста Поп Ристов Делчев” и заедно со нашите најмлади сограѓани и воспитниот тим  ја испратија старата и посакаа добредојде на Новата 2024 година. Престојот беше искористен да ја погледнеме новогодишната приредба подготвена и во изведба на воспитниот тим и дел од дечињата. На сите дечиња кои престојуваат во градинките во Богданци и Стојаково им беа поделени новогодишни пакетчиња обезбедени со средства од буџетот на општина Богданци. Пакетчиња беа поделени и на децата со попреченост во Богданци, на децата од социјално ранливите семејства и на корисниците во Дневниот Центар Гевгелија.

Известување за одобрен урбанистички проект за изградба на верски објект

Општина Богданци Ве известува дека одобрен е Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за урбанистичко- архитектонска разработка на ГП1 (КП бр. 2797/7), дел од УПВНМ изградба на верски објект со хотелско угостителски комплекс на КП бр. 2810 и дел од КП бр. 2809 и 2812 на м.в. Болован, дел од КП бр. 2797 на м.в. Побрешко и дел од КП бр. 4209 и 4210 на мв Паљурци КО Богданци, општина Богданци, Богданци вон град, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 Томе ДООЕЛ Струмица, тех бр 032-1506/2023 од јули 2023 год, со Потврда за одобрување на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за урбанистичко- архитектонска разработка на ГП1 (КП бр. 2797/7), дел од УПВНМ изградба на верски објект со хотелско угостителски комплекс на КП бр. 2810 и дел од КП бр. 2809 и 2812 на м.в. Болован, дел од КП бр. 2797 на м.в. Побрешко и дел од КП бр. 4209 и 4210 на мв Паљурци КО Богданци, општина Богданци, Богданци вон град бр 11 – 1071/5од 01.11.2023год.издаденаод општина Богданци, чијинвеститореДруштво за транспорт, трговија и услугиДесива Транспорт ДООЕЛ увоз извоз Богданцисо адреса на ул. Маршал Тито бр. 187 од Богданци.

Планирани исклучувања на електрична енергија на 07.12.2023

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ, на 07.12.2023 (четврток) ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат дел од корисниците над Бреботекс, Беровска мала , потрошувачите на улица Маршал Тито од Пошта до Драги ком, како и фирмите Оранжерии Агроградина, Конфекција Бовекс, Печатница Софија, Бреботекс, Здравствена установа Ројал Медика и Основното училиште „Петар Мусев“ од 08.30 до 13.00 часот.

Известување согласно новиот модел на субвенционирање

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделските стопанства дека согласно новиот модел на субвенционирање, секој производител кој поднел барање за субвенции за 2023 год. ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба повторно да направи електронско пријавување за дополнителните субвенции по површина со доказ или изјава за остварено производство. Рокот за поднесување на барања за дополнителни субвенции за 2023 год. е од 28.11.2023 до 25.12.2023 и се врши во просториите на МЗШВ ПЕ Гевгелија секој работен ден од 08ч до 15:30ч. Во овој период ќе се дополнуваат барањата за растително производство и тоа за површини со поледелски, градинарски култури, лозови и овошни насади.

Известување за аплицирање на подмерки 1.3, 1.5, 1.7, 1.9, 1.10, 1.13 и 2.20

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на поледелски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје дека е во тек поднесување на барања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и тоа за следните подмерки:

-„М1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,

-„М1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,

-„М1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,

-„М1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,

-„М1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,

-„М1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и

-„М2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

М1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион

Корисници на подмерка 1.3 се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун” кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1., кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки.

Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион.

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар, за јачмен 12.000 денари по хектар и за афион изнесува 18.000 денари по хектар.

Во прилог на барањето за подмерка 1.3 се доставува или потврда за предадено производство во преработувачки капацитет за жито (сончоглед, маслодајна репка и афион) издадена од регистриран преработувач или потврда за предадено или складирано производство (пченица и јачмен) кај регистриран откупувач или договор за купопродажба на оствареното производство (пченица и јачмен) со регистриран одгледувач на добиток со финансов документ како доказ за извршена продажба на пченица и/или јачмен на регистриран одгледувач на добиток. Доколку оствареното производство на пченица и/или јачмен се користи за сопствени потреби за исхрана на добиток не се доставуваат дополнителни документи во прилог на барањето туку само се пополнува изјава која е составен дел од барањето.

М1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници

М1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје

М1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје

Во однос на подмерките 1.5, 1.9 и 1.13, корисници на овие подмерки се земјоделски стопанства кои се корисници на основните подмерки 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници, 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади и 1.12  Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади и оствареното производство да е предадено на регистиран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар. За овие подмерки не се доставуваат никакви дополнителни документи во прилог на барањето. Доволно е да се декларират податоци во барањето и истото да се потпише од барателот.

Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.5 изнесува 20.000 денари по хектар и истата е условена со минимални просечни приноси и тоа: 20.000 кг/ха за домат, пиперка 15.000 кг/ха, краставица 30.000 кг/ха, корнишони 30.000 кг/ха, зелка 30.000 кг/ха, грав 1.000 кг/ха и компир 15.000 кг/ха.

Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.9 е следна:

– Јаболко 30.000 денари на хектар,

– Слива и праска 25.000 денари на хектар,

– Вишна, цреша, кајсија и круша 22.000 денари на хектар,

– Јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка 13.000 денари на хектар

Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.13 изнесува 28.000 денари по хектар.

М1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

М1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети

Корисници на подмерка 1.7 се земјоделски стопанства кои имаат засадено површини со градинарски култури и се корисници на подмерката 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Висината на директни плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директни плаќања изнесува 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2023 година и ноември-декември 2023 година.

Во прилог на барањето се доставува Потврда за предадени градинарски култури издадена од регистриран преработувач.

Корисници на подмерка 1.10 се земјоделски стопанства кои имаат засадено површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Висината на директни плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите овошни видови.

Во прилог на барањето се доставува Потврда за предадено овошје издадена од регистриран преработувач.

М2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед

Корисници на подмерката 2.20 се земјоделските стопанства кои се запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства.

Висината на директни плаќања изнесува 50% од трошоците за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед направена еднаш во 2023 година.

Постапка

Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од веб страната на Агенцијата „https://www.ipardpa.gov.mk/“. Барањето е потребно да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до Архивата на Агенцијата.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 25 декември 2023 година.

Конкурс за обука на личен асистент на лица со попреченост

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со државно признат Сертификат да аплицираат во периодот од 20.11.2023 до 24.11.2023 година.
Обуката ќе се спроведува преку Црвен крст на РСМ – Општинска организација Неготино, како верификуван провајдер на обуката.
Заинтересираните кандидати од Општина Гевгелија и Општина Богданци можат да се пријават во просториите на Општинска организација Црвен крст Гевгелија или на мејл gevgelija@redcross.org.mk.
Обуката за лични асистенти на лица со попреченост е сертифицирана и ќе биде со самофинансирање.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |