Се известуваат граѓаните на општина Богданци дека во текот на наредната недела ЈП „Комунална Чистота“ Богданци ќе спроведе акција за вонредно собирање отпад од гранки и треви, кабаст и габаритен отпад од дворните места и домаќинствата на граѓаните во општината.За таа цел се повикуваат граѓаните кои што имаат таков вид на отпад во претстојниот викенд да го изнесат пред садовите за собирање на смет за да можат екипите на ЈП„Комунална Чистота“ да го подигнат.
Притоа ги известуваме граѓаните дека СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА:
- Самоиницијативно фрлање и оставање на отпадот покрај и во садовите за собирање на отпад, како: градежен шут, косена трева, сечени гранки, лисја, градинарски отпад, кабаст отпад и земја од ископи, освен на места определени за таа намена (за фрлање на овој вид отпад, јавете се на тел. 034 221 038);
- Фрлање на градежен шут од правни и физички лица, без претходна пријава до ЈП „Комунална чистота“ Богданци (тел. 034 221 038);
- Оставање на комунален отпад, хартија, пластика, стакло, метални предмети, стари предмети од домаќинството и смет од вршење на дејности до садовите за собирање на смет, освен во садовите определени за таа намена;
- Палење на сметот во контејнерите за отпад;
- Фрлање пепел со жар во сите садови за отпад;
- Оставање на мртви животни во и до садовите за отпад, освен на места определени за таа намена (пријавете на тел.034 221 038).
Самоиницијативното фрлање на отпадот и непочитувањето на погоренаведеното е казниво со Закон, за што контрола на терен ќе вршат овластени службени лица.