Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека поради реконструкција на улица „Бранд Петрушев“ во Богданци од утре, Сабота (11-ти Септември) од 08.00 часот ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај, така што сите улици кои се еднонасочни и кои се спојуваат со улица „Бранд Петрушев“ ќе бидат двонасочни. Станува збор за улиците „Маршал Тито“, „Изворски“ и „Олга Петрушева“ за кои ваквиот режим на сообраќај ќе важи се до завршување на градежните активности на улица „Бранд Петрушев“ и на истите ќе биде забрането запирање и паркирање.
Се замолуваат граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.