На 03.01.2019 година се роди првото бебе (машко) во Одделението за Гинекологија и Акушерство при општата Болница во Гевгелија.
Мајка на првороденото бебе е Гордана Диванисова од Богданци.
Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, денес ја посети родилката на кои и беа доделени пригодни подароци. Исто така ќе и биде доделен и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.