На 04.01.2021 година се роди првото бебе (женско) од општина Богданци во Одделението за Гинекологија и Акушерство при општата Болница во Гевгелија. Бебето е тешко 3350 грама, долго 50 см и ќе го носи името Тиана.
Мајка на првороденото бебе е Марица Олумчев од Богданци.
Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, ја посети родилката на кои и беа доделени пригодни подароци. Исто така ќе и биде доделен и паричен надомест одвоен од Буџетот на Општината за новородено бебе.
Советот на Општина Богданци и оваа година донесе одлука за доделување на еднократен паричен надомест на првороденото бебе од нашата општина во износ 10.000 денари и по 4.000 денари за секое родено бебе во текот на целата година.
На мајката и бебето им посакуваме здравје, среќа, успех и долг живот.