На 21 март 2023 година, во Дојран, градоначалникот на општина Богданци г-ин Блаже Шапов оствари средба со дипломатските претставници на резидентните и нерезидентните Амбасади во РСМакедонија, во рамки на Дипломатски економски караван – ДЕК низ дел од општините во Југоисточниот плански регион, организиран под покровителство на Министерството за надворешни работи, а во соработка со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Целта на настанот беше сите десет општини и дел од компаниите од Југоисточниот регион да ги претстават своите потенцијали и можности за инвестирање пред претставници на повеќе од 20 – тина дипломатски претставништва во земјава.
На средбата во Дојран, општина Богданци ги презентираше економските капацитети и можности за финансирање на проекти за подобрување на инфраструктурните услови во посоечките индустриски зони.
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/03/336295487_121770537436181_1279462934607325170_n-577x1024.jpg)
Покрај општината, свои презентации од различен аспект, а заради ограничениот број на учесници согласно протоколот, имаа три компании од општина Богданци-Баџо, Бреботекс и Органик Нар.
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/03/336434322_1698560117252229_730156274326244237_n-1024x768.jpg)