Општинската Изборна Комисија Богданци денес, 29.10.2025 година, им ги додели Уверенијата на новиот Градоначалник, Блаже Шапов и членовите на новиот состав на Советот на општината.

Претседателката на ОИК Богданци, Венера Зелева, во своето обраќање на сите учесници во изборниот процес им ја честита победата и им посака успешна работа.
Уверенија за членови на Советот на општина Богданци добија шест кандидати од листата на Коалицијата предводена од СДСМ и пет кандидати од листата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу нив се:
- Никола Стратров
- Росица Шабанова
- Богомил Марков
- Марија Гогова
- Митко Мурџев
- Рахела Јовановиќ
- Елена Манолева Ѓавочанова
- Љубица Тодорова
- Роберт Иванџиков
- Антонио Прчев
- Каролина Попова

