Општина Богданци е во фаза на подготвување на Буџетот за 2024 година.
Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на Граѓански Буџет , отворени се електронски алатки преку кои секој ѓраѓанин сопствените предлози и идеи може да ги достави.
Предлозите и идеите од денес ќе може да се достават со пополнување на
- Анкетниот прашалник. —>линк
- На архивата во општина Богданци
На овој начин креираме Буџет на кој приоритетите ги одредуваме заеднички.
Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби/сесии со граѓаните по населените места, со следниот распоред:
20.11.2023 година
19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково (во дом на култура)
22.11.2023 година
19:00 до 20:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)
23.11.2023 година
19:00 до 20:00 часот во с. Селемли (Месна заедница)
24.11.2023 година
19:00 до 20:00 часот во Богданци ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)
Сите Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.
Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот за 2024 година.