Градоначалникот на општина Богданци ги повикува ѓраѓаните на средба
Општина Богданци е во фаза на подготвување на Буџетот за 2026 година, со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на Граѓански Буџет за 2026 година, Градоначалникот на општина Богданци Ве повикува на средба по населените места, со следниот распоред:
17.11.2025 година (понеделник)
18:00 до 19:00 часот во с. Селемли (Месна заедница)
20:00 до 21:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)
18.11.2025 година (вторник)
19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково (во дом на култура)
19.11.2025 година (среда)
19:00 до 20:00 часот во Богданци ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)
Сите Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на средба со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.
Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот за 2026 година.
