Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

На ден 08.04.2020 год. (среда) со почеток во 10 часот општина Богданци оддржа Општински кризен штаб во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирус Kovid-19 на територија на општина Богданци.

На седницата покрај досега преземените мерки и заклучоци од страна на општина Богданци, а согласно препораките од страна на Главниот координативен кризен штаб и Владата на РСМ беа донесени следните заклучоци:

1. Организирано снабдување и достава на прехранбени артикли така што екипи на вработени на економски оператори ќе ги испорачуваат нарачките по телефон на пријавената адреса за испорака во периодот од 15.00 до 20.00 часот, во работни денови и од 09.00 до 14.00 часот во сабота и недела.

Оператори од Богданци кои се јавија на повикот на Општински кризен штаб Богданци се:

– ДТУ Солун 53 маркет тел.070/245-980 и 070/245-960
– ДТУ М-З Трејдинг маркет тел. 070/218-113 и 071/299-138
– ДТУ Екстра КУМ-МЗП маркет тел. 070/320-994 и 070/501-101

Оператори од Стојаково кои се јавија на повикот на Општински кризен штаб Богданци се:

– ТП ИЛ-МАР маркет 071/207-310
– ДПТУ БИГ МИЏО маркет тел. 070/900-303 и 070/263-656

Оператори од Селемли кој се јавија на повикот на Општински кризен штаб Богданци се:

– ДТТ ДУМИ,Душко ДООЕЛ, тел. 071/207-451 и 070/950-586

2. Сите стари и изнемоштени лица и натаму можат да набават и да им се достават
прехранбени артикли и лекови преку општинските мобилни тимови, јавувајќи се на
дежурниот телефон во Општина Богданци 072/916-648 и 034/222-333 секој работен ден од
08.00 до 15.00 часот. Во работните денови (од16.00 до 20.00часот) и преку викендот (од 09.до 14.00 часот)нарачките за
набавка можат да ги прават на дежурните телефони на супермаркетите како и на дежурниот телефон во општина Богданци 072/916-648.
3. Да се известат сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги,
задолжително да обезбедат ред при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се
контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум
потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
4. Да се продолжи со дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на
општина Богданци, по однапред утврдена динамика од страна на општината.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |