Општина Богданци ги известува граѓаните од нашата општина дека согласно Заклучоците донесени од Владата на Република Северна Македонија на својата 23-та седница со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини.
Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
Подетални информации се содржани во Записникот од 23-та Седница на Владата на РСМ кој е достапен на следниот линк.
Општина Богданци Ви благодари за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие упатства.