Општина Богданци по спроведените постапки за јавни набавки и склучување на договори за реализација на истите започна со активностите за реконструкција на улици во населено место Селемли и реконструкција на локален пат Стојаково – Селемли.
izmir escort
Станува збор за реконструкција на улиците Маршал Тито, ЈНА, Илинденска, Солунска и Гоце Делчев со вкупна должина од 992м, а градежните активности се започнати така да се врши ископ на постоечката земјена подлога а на нејзино место ќе се постави тампонски материјал. Истиот машински ќе се набива и над него ќе се постави асфалт. Ископаниот материјал ќе се одложи на соодветна депонија
Реконструкцијата на Локалниот пат Стојаково Селемли со вкупна должина од 3800 метри опфаќа вадење на стариот асфалт, ископ на подлогата под асфалтната површина и истата ќе се пополни со тампонски материјал, машински ќе се набие и ќе се асфалтира.
Изведувач на активностите е правното лице ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица.