На ден 19.03 2020 год. (четврток) во вечерните часови Општина Богданци ќе изврши дезинфекција на улиците и јавните површини на својата територија.
За таа цел уште еднаш апелираме да не ги оставате вашите возила на улиците и јавните површини како и да го ограничите вашето движење за да може непречено да се изврши дезинфекцијата и да се постигне саканата цел.