Се известуваат граѓаните дека за потребите на изработка на проектна документација за реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци, во период од 08.06.2020 до 20.06.2020 година во времетраење од 7:00 до 17:00 часот ќе се врши геодетско снимање и геомеханички истражни работи на дел од регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци.
Се замолуваат учесниците во сообраќајот да имаат разбирање за новонастатаната ситуација и да ја намалат брзината на возење на 50km/h, со што ќе придонесат кон поголема безбедност во сообраќајот.