Во рамки на Компонента 1: Зајакнување преку развивање на капацитетите на советниците, од Проектот „Зајакнување на општинските совети“ (кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), беше реализирана набавка и монтажа на видео и аудио опрема за пренос на седниците на Советот на општина Богданци во живо.
Опремата е поставена во повеќенаменската сала во Домот на културата во Богданци.
Се работи за поставување на видео и аудио опрема за пренесување на седниците на Советот во живо (on-line streaming) на официјалните веб страни, фејсбук и јутјуб и архивирање на снимените седници на веб страните на општината.
Средствата од грант во висина од 12.000 швајцарски франци искористени за набавка на опремата ќе овозможат воведување на иновативни мерки за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општината, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.