За сите заинтересирани компании од општина Богданци, за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, на 28 декември 2019 година отворен е јавен повик 02/2019 година за мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД фондовите одржува инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 3. Распоредот и програмата за инфо деновите е во прилог и тие се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Линкот за инфо деновите и програмата е во продолжение.
Салите во кои ќе се одржуваат инфо деновите во споменатите места ќе бидат објавени на веб сајтот www.ipard.gov.mk пред одржување на настанот (во вид на соопштение).