Почитувани,
Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2024 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган.
Во Богданци настанот ќе се оддржи во петок, 05.01.2024 година во Градскиот парк со почеток во 18.30 часот.
Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 Маркети.
Во забавниот дел од програмата учество ќе земат локални музички изведувачи.
Во Ѓавото бадниковиот хепенинг ќе се оддржи во петок, со почеток во 18.00 часот
Во сабота, 06.01.2024 година, истиот настан во организација на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во Спортска Сала „Стефан Мандалов – Манданата“ со почеток во 18.00 часот, а во организација на Месната Заедница Селемли бадникарски оган ќе се пали и во Селемли со почеток во 18.00 часот.