Баџо ТП ДООЕЛ Богданци донираше 200 литра средство за дезинфекција Дезинтал за потребите на општина Богданци. Истото ќе се искористи за дезинфицирање на општинските институции и јавните површини на територијата на нашата општина.
Ова е уште еден пример кој дирекно влијае врз подобрување на условите во средината каде што живееме во услови на пандемија. Изразуваме голема благодарност и до оваа општествено одговорна компанија.
Aпелираме до сите граѓани да се придржуваат кон мерките со цел зачувување на сопственото и јавното здравје.