На ден 03.04.2024 година (среда), во 12 часот во просториите на Општина Богданци се изврши ждребење за утврдување на редоследот за истакнување на плакати без надоместок на местата определени од страна на општината, за подносителите на кандидатите за претседател кои учествуваат на Претседателските избори 2024 година.
Согласно Одлуката за утврдување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на Општина Богданци бр. 08-493/6 од 15.03.2017 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 05/17) на територијата на Општина Богданци за истакнување на Изборни плакати без надоместок во текот на изборната кампања се утврдуваат следните места:
- Во Богданци
-потпорен ѕид на детското игралиште на автобуска Богданци;
-на излезот од Богданци спрема Стојаково, просторот од левата страна покрај оградата на трафостаницата на ЕВН и
-ограден ѕид на игралиште Вардарски на ул. „Маршал Тито“-Богданци.
- Во Стојаково
-во центарот на просторот покрај оградата на ресторантот;
-на просторот кај место викано „Чекркот“;
-просторот кај местото викано „Геран“ и
-просторот позади Црквата.
- Во Селемли
-на просторот по главната улица на населбата, на автобуската постројка.
- Во Ѓавото
-на влезот на населеното место на ограден ѕид од пумпата за вода до некогашен откупен пункт на Земко и
-во центарот на населеното место кај свртувалиштето за автобуси.
Големината на просторот за истакнување на изборни плакати ќе биде подеднакво утврдена за сите подносители на кандидати за претседател според следниот редослед:
Реден број за лепење плакати | Кандидати за претседател Претседателски избори 2024 година |
1 | Билјана Ванковска Цветковска |
2 | Стевчо Јакимовски |
3 | Стево Пендаровски |
4 | Бујар Османи |
5 | Арбен Таравари |
6 | Гордана Сиљановска Давкова |
7 | Максим Димитриевски |