Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП), е стратешки плански документ на локално ниво инициран од потребата на граѓаните за чиста и здрава животна средина, но и како правна обврска која произлегува од законската регулатива.
Со цел поголема информираност на граѓаните и во насока на нивно вклучување во процесот на подготовка и изработка на ЛЕАП, објавуваме Јавна анкета во електронска верзија, како би можеле сите заинтересирани граѓани да одговорат на истата по електронски пат.
Со пополнување на анкетниот прашалник https://www.surveymonkey.com/r/2WGMFC5 , Вие директно учествувате во креирање на животната средина во нашата Општина.