СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика во рамки на проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“ поддржан од Министерството за економија и развој на Германија, ја спроведуваат националната кампања „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ“ со цел покренување на свесноста и колективното знаење за процесот на згрижување и бенефитот од програмата за згрижување на деца.
Ве покануваме на 08.03.2023 година на три локации во Богданци, во паркот кај општинската зграда, кај текстилната фабрика „Бребо-Екотекс“ и на излезот од Богданци (кај печатница „Софија“) со почеток во 13:00 часот, да се запознаете подетално со повикот за Згрижување и да ја поддржите нашата визија.
Наште стручни работници ќе одговорат на сите Ваши прашање.
Сите информации може да ги добиете на тел. 075/277-447 и на Веб страна: www.zgrizuvanje.mk.