Овој викенд во Богданци се одржа првиот Фестивал на југоисточен регион. Производители од регионот, но и од подалеку, најбројни од редот на Слоу Фуд Македонија, го промовираа најдоброто, највкусното и најтрадиционалното од нашата татковина.









Многубројните посетители кои го преплавија Градскиот парк во Богданци, имаа можност да пробаат слатко од диви и домашни смокви, од сливи и капини, производи од тартуфи, домашна ракија…Се дружеа со локалните производители, ги слушнаа нивните приказни, се размени и понекој рецепт… За убавото расположение беа задолжени ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци Свит Денс, трио Форте, ЗКУД „Бранд Петрушев“, пејачка пензионерска група и многу други.
Фестивалот на југоисточен регион го подржаа Општина Богданци, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Слоу фуд Македонија.