По повод акцијата „Ден без автомобили“, денес со почеток во 10:30 часот учениците од ООУ „Петар Мусев“, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и СОУ „Богданци“ масовно се вклучија во истата.
Учениците од Богданци се движеа по улицата Маршал Тито, преку раскрсницата на Фирмата „Бреботекс“ до Градскиот Парк во Богданци“. Учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ со велосипеди и транспаренти акцијата ја одбележаа во село Стојаково.
Целта на оваа активност е промоција на алтернативните форми на сообраќај, како пешачење, велосипедизам, подобрување на условите и можностите за користење на овие алтернативни форми на сообраќај како и подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот