Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија, Васка Илиева официјално ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци, која ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гевгелија.
Од денес, жителите на Општина Богданци заедно со останатите населени места добиваат можност на пристап до социјалните права и услуги во своето место на живеење.Тоа се 569 корисници на социјални права, 40 корисници на социјални услуги односно над 600 корисници на права и услуги од системот за социјална заштита од Богданци, Стојаково, Ѓавато и Селемлија. Овие граѓани повеќе нема да имаат потреба да патуваат до Гевгелија за остварување на правата и услугите од системот на социјална заштита.
Канцеларијата се наоѓа во општинските простории на Богданци каде граѓаните ќе ги добиваат социјалните услуги.