Дедо мраз денес пристигна во детската градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ во Богданци и Стојаково и донесе радост, смеа и новогодишни пакетчиња кај дечињата од детската градинка. Новата година носи нов почеток, нова надеж и најголема радост на децата, a со цел да се израдуваат сите дечиња во градинките, Општина Богданци од сопствениот Буџет обезбеди 240 пакетчиња.
Празниците се моменти за делење љубов и внимание. Нека донесат среќа во сечие срце!!!