Заедно креираме Буџет за 2025 година
Градоначалникот на општина Богданци ги повикува ѓраѓаните
Општина Богданци е во фаза на подготвување на Буџетот за 2025 година, со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на Граѓански Буџет за 2025 година , отворени се електронски алатки преку кои секој ѓраѓанин сопствените предлози и идеи може да ги достави.
Општина Богданци е секогаш тука да ги проследи сите предлози и заедно со одделенијата да го оцениме приоритетите кои ќе влезат во програмите за 2025 година.
Предлозите и идеите од денес ќе може да се достават со пополнување на
- Електронскиот анкетниот прашалник. —->линк
- На архивата во општина Богданци
На овој начин креираме Буџет на кој приоритетите ги одредуваме заеднички.
Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби/сесии со граѓаните по населените места, со следниот распоред:
18.11.2024 година (понеделник)
17:30 до 18:30 часот во с. Селемли (Месна заедница)
19:00 до 20:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)
19.11.2024 година (вторник)
19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково (во дом на култура)
20.11.2023 година (среда)
19:00 до 20:00 часот во Богданци ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)
Сите Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на средба со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.
Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот за 2025 година.