Градоначалникот на општина Богданци г. Блаже Шапов, на 17.03.2026 година, оствари работна средба со економскиот аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г. Барнабас БиркЕланд, како и со економскиот советник во Амбасадата, г. Јордан Дамчевски.
Преставниците на Амбасадата на САД се интересираа за очекувањата и фокусот во рамки на новиот мандат на градоначалникот.
Од страна на градоначалникот гостите беа запознаени со тековните активности и реализација на повеќе проекти на територијата на општина Богданци, со посебен акцент на реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во Богданци. Исто така беше отворена дискусија за предизвиците на локалната самоуправа, пред се за реалните приходи на општината, главните стопански дејности, положбата на младите и влијанието врз локалната самоуправа на актуелните случувања во регионот и пошироко.
Беше истакнато дека како мала општина со скромен буџет сепак привлекувањето на донаторски средства од домашни и странски извори е на задоволително ниво, но доколку би располагале со поголеми приходи нивото на привлекување на истите би се зголемило.
Во однос на компаративните предности на општината, пред се, кога е во прашање искористувањето на обновливите извори на енергија, придобивките на општина Богданци се на ниско ниво и дека е потребно сериозно преиспитување на одредени законски односно подзаконски решенија.
Градоначалникот на Општина Богданци, очекува и во новиот мандат, да продолжи стабилна и конструктивна соработка со сите советнички групи најнапред во поглед на подршка на проекти од значај за сите граѓани во општината.
На крај е констатирана заедничка посветеност во надминување на локалните предизвици кои ќе бидат од корист за локалната заедница.
