Денес, 20.09.2019 година во просториите на Општина Гевгелија беше потпишан договорот за партнерство во реализација на проектот „Ревитализација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци, кај бензинска пумпа Шимов, I фаза“.
Договорни страни се Центарот за развој на Југоисточен плански регион како носител на проектот застапуван од раководителот Жулиета Ѓуркова и Општина Богданци како партнер 1 застапуван од Градоначалникот Блаже Шапов и Општина Гевгелија како партнер 2 застапуван од Градоначалникот Сашо Поцков.
izmir escort bayan
Реализацијата на овој проект одобрен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е дел од мерката 321 Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, подмерка 321.1 Инвестиции во патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини со должина од 5км, за што се одобрени вкупни средства без ДДВ во износ од 11.038.520,25 денари.
Општина Богданци како партнер 1 во реализација на проектот ќе учествува со сопствени средства во износ од 1.234.898,86 денари, од кои 3.000,00 денари се трошоци за објавување на оглас за јавна набавка и 62% од вкупната вредност на ДДВ во износ од 1.231.896,86 денари.
Општина Гевгелија како партнер 2 во реализација на проектот ќе учествува со сопствени средства во износ од 758.034,79 денари, од кои 3.000,00 денари се трошоци за објавување на оглас за јавна набавка и 38% од вкупната вредност на ДДВ во износ од 755.034,79 денари.
Следува распишување на тендерска постапка.