Денес, 21.10.2025 година пристигна специјализираното возило за собирање отпад, кој во рамки
на Проектот „Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка
на возило за општина Богданци “, на општина Богданци, односно ЈП Комунална Чистота го достави
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како носител на проектот.
Проектот, каде партнери се Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина
Богданци има за цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општина Богданци
преку унапредување на системот за управување со отпад. Недостатокот на современа
механизација претставува значителен проблем за редовното собирање и транспорт на отпад, што
придонесува за создавање на диви депонии и загадување на животната средина.
Со набавката на специјализирано возило за собирање отпад ќе се овозможи поефикасно
управување со отпадот, подобра јавна хигиена и одржлива животна средина.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и општина Богданци
со Вкупен буџет од 4.978.300 денари.

