Почитувани сограѓани,
Ги одбројуваме последните часови од оваа година, која за сите нас беше тешка, година на страв, несигурност, неизвесност, предизвици…Ни одзеде блиски, ни одзеде мир и спокој, скапоцено време кое требаше да го поминеме со драги пријатели. Но, исто така не научи дека нема ништо поважно од здравјето и среќата на семејството и најблиските.
Затоа, Ве замолувам празниците кои ни претстојат да ги поминете одговорно, согласно препораките, без масовни групирања, со единствена цел да го заштитиме сопственото и здравјето на наштите најмили.
Ја користам оваа прилика во мое лично име, во името на општинската администрација како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.
Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2021 година!
Среќни празници!
Со почит,
Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци