Почитувани,
Ми претставува задоволство во мое лично име, во името на општинската администрација како и од името на Советот на Општина Богданци, да Ви испратам најискрени желби за што подобра Нова Година, посакувајќи во секое семејство да преовладува здравје, љубов, среќа и слога.
Ќе ја искористам оваа честитка да им посакам на сите Христијани од Православна вероисповед претстојниот празник, Раѓањето Христово – Божиќ да го минат во добро здравје, мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласувања.
Празничните денови нека донесат Божји благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства.
Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2019 година!
Среќни празници!
Со почит,
Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци