Третата форумска сесија во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“( кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), во
општина Богданци, се одржа 18.08.2020 во ООУ Петар Мусев, Богданци во 20.00. Присутни беа 34 граѓани и градоначалникот Г-ин Блаже Шапов.
На форумот од пет прифатени концепти минатата сесија, сега беа презентирани четири предлог проекти. Предлагачите на концептот Реконструкција на сали за состаноци во урбани и месни заедници се откажаа од понатамошно развивање на проектот.
Се презентираа, останатите четири предлог проекти, по следниот редослед :
- Опремување и уредување на Дом на култура Стојаково и Дом на култура „Бранд Петрушев“, каде се констатира дека делот за домот во Богданци ќе отпадне бидејќи немаше интерес од групата да се доразвие овој дел од проектот,
- Опремување на кабинети по природни науки и медиатеки
- Безбеден граѓанин – среќен граѓанин (поставување хоризонтална и вертикална сигнализација во Богданци)
- Спортско – рекреативни катчиња
Форумот ги прифати сите предлог проекти со следните заклучоци и препораки, да се дополнат сите предлози, каде има потреба, да се постапи по секоја забелешка, со посебен акцент на одржливоста, буџетот и активностите.
Овие предлог проекти се натпреваруваат рамноправно за финансирање од страна на донаторот по однапред утврдени правила за избор.