Седумдецениската традиција во Стојаково, атрактивната трка со магариња и коњи и оваа година ќе привлекува голем број домашни и странски гости!
Општина Богданци и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот склучија меморандум на соработка со цел туристички развој на еко-руралните средини и промоција на традиционалните активности во регионот.
Населено место Стојаково е пример дека традицијата што грижливо се негува и чува трае навистина долго. Уште во далечната 1951 година почна да се организира трката со магариња и коњи, која традиционално и оваа година ќе се одржи на 1ви мај, во рамки на културно спортската манифестација по повод меѓународниот Ден на трудот.