На ден 09.02.2023 година, во Домот на култура „Бранд Петрушев“- Богданци, општината заедно со СОУ „Богданци“ –Богданци одржаа настан, „Учи паметно работи стручно“ поддржан од Министерството за образование и наука.
На овој настан беа поканети и присуствуваа претставници од локалните компании, пратеничката Драгица Ѓавочанова, родители, наставници и директори на воспитно-образовни институции од општината, како и други заинтересирани граѓани.
Целта на оваа панел дискусија беше утврдување на потребите на стопанството и локалниот пазар на труд, недостигот на квалификуван стручен кадар во компаниите и можноста да се одговори на ваквите потреби.
Во изминатите години како општина ги следиме потребите и интересите како на учениците, така и на компаниите со воведување на нови струки и образовни профили.