Почитувани граѓани,
Општина Богданци го подготвува Буџетот за 2021 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник. —->линк
На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.
Одговорите ќе бидат разгледани од одделението за финансиски прашања, а, сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на нашите можности ќе видат интегрирани во нашите буџетски програми.
Ви благодариме на соработката.