Општина Богданци формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица, хронично болни лица и лица со хендикеп од општината, со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот Ковид-19.
Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност како и непречено извршување на секојдневните активности, сите стари лица кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, хронично болните и лицата со хендикеп можат да се обратат на телефонските броеви 034/222-333, 072/916-648.
Мобилниот тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост, ќе биде на располагање да им пружи потребната помош и поддршка на граѓаните од овие категории (која ке се однесува на набавка на потребните лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена).