Општина Богданци на сите граѓани од католичка вероисповест им го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово-Божиќ.
Општина Богданци на католичките верници им посакува празничните денови да ги минат во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето.
Празничните денови нека донесат Божји благослов во вашите срца, во домовите и во вашите семејства.
Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ !