Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Денес се навршуваат 80 години од ослободувањето на Богданци. Градоначалникот Блаже Шапов, претседателот на Советот Борис Ванчев, претставници од Сојузот на борците и нивни продолжувачи, претставници од општинските училишта и детската градинка и граѓани денес гордо стоеја пред бистите на паднатите борци, скриени во темните агли на нивната изгубена младост, кои во тишината на недоживеаната среќа говореа за нашата денешна слобода.

Нивните вечни споменици секој ден нѐ опоменуваат и бодрат за тоа, дека вреди да се градат идеали, да се биде борец и творец на Нов живот без ропство и крв. Без тага и црнина оставајќи дела од траен карактер за градот, за неговото минато и иднина.

Пишаната историја го забележала овој датум  како симбол  за градење   слободно, мирно и модерно Богданци.

Чествувањето на 80 години слободно Богданци се одбележа со уште еден свет и светол настан за верниците и поклоници на ликот на Св. Апостол Павле, еден од најважните апостоли во проповедувањето и распространувањето на христијанството, со поставување камен темелник и изградба на светиот храм во закрила на Католичката црква.

Со самиот чин на поставување камен темелник и градба на Свет храм на Св. Апостол Павле, веруваме дека Паљурци ќе стане повторно тоа што бил: Македонска гордост и вистинска убавина сместена во средишниот дел на географска Македонија, а за луѓето од општина Богданци ќе биде вистински восхит и гордост!

Нека е благословен овој чин и нека ни е честит празникот 10 Октомври – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – – Денот на македонскиот непокор!

Градоначалник на Општина Богданци

Блаже Шапов

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |